INFO : Времено недостапна услуга за регистрација на домени - Системот за регистрација на .mk домени моментално не е достапен. Нашиот тим работи на надминување на проблемот и услугата наскоро ќе биде повторно активна. Ви благодариме на трпението.INFO : Времено недостапна услуга за регистрација на домени - Системот за регистрација на .mk домени моментално не е достапен. Нашиот тим работи на надминување на проблемот и услугата наскоро ќе биде повторно активна. Ви благодариме на трпението.

МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

cPanel helpdesk knowledge baseОпшти информацииХостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаКреирање, подесување на емаил адресиРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервери
1Емаил

Kреирање на филтри преку Global Email Filters и Apache SpamAssassin

Дали добивате многу спам пораки? Или само сакате да филтрирате некои пораки? cPanel ви ја нуди оваа можност.

Во cPanel постои опција за креирање на филтри преку алатката Global Email filters.

Оваа алатка ќе Ви помогнат да ги филтрирате пораките до сандачето до кое сакате пораките да пристигнат.

Овие филтри можете да ги креирате на следниот начин:

1. Најавете се на Вашиот cPanel.

2.Во делот Email одберете ја опцијата  Global Email filters како што е прикажано на сликата во прилог.

https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter1.png

3.Потоа одете на Create a New Filter (слика во прилог).https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter2.png

4.Bo следниот чекор потребно е да го креирате филтерот.https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter3.pngПополнете ги празните полиња:

Filter Name- името што сакате да го користите за овој специфичен филтер (Пример: Spam, Inbox итн.)Rules-  тука поставувате правило или комбинација на правила.

Во делот означен со бројот 1 потребно е да одберете една од понудените опции.На пример доколку сакате од некој конкретен мејл да се филтрираат пораките тогаш поставувате From, ако сакате со конкретен наслов тогаш поставете Subject итн.

Во делот означен со бројот 2 доколку одберете на пример contains или does not contain потребно е да поставите (во делот означен со бројот 3)дел или збор кој што се содржи во сите пораки кои сакате да ги филтрирате.Доколку поставите begins with или ends with ќе ги филтрирате пораките кои започнуваат или завршуваат со конкретниот дел или зборкој ќе го поставите во делот означен со број 3.Поставувате правило или комбинација на правила со користење на  и / или операторите ( + ).Actions- какво дејство треба филтерот да го преземе:Discard Message - да ја отфрли порака,Redirect to Email – да редиректира кон мејлот,Fail With Message – доколку пораката е неуспешна,Stop Processing Rules - престанок на обработка на правилата,Deliver to Folder – да се доставува пораката до одреден фолдер,Pipe to a Program  - да се пропушти до програмата.Потоа одете на Create и со тоа Вашиот филтер е креиран.Од како ќе креирате одреден филтер истиот можете да го менувате или избришете кога нема да Ви биде повеќе потребен.Овие филтри најчесто се најпогодни да ги креирате на својот хостинг со цел да се намали бројот на влезни спам пораки. Креирањето е лесно и во неколку чекори, а ќе Ви помогнат полесно да се справите со спам пораките.Доколку често примате спам пораки од некој конкретен домен или можеби валидни пораки, но истите не сакате да ги добивате тогаш можете да ја користите алатката Apache SpamAssassin.Најавете се на Вашиот cPanel и потоа одете во делот Email. Одберете ја опцијата Apache SpamAssassin како што е покажано на сликата во прилог.https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter4.pngПотоа  одете на делот configure Apache SpamAssassin (слика во прилог).

https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter5.png

Во делот blacklist_from поставете го доменот или мејл адресата од која што не сакате да Ви пристигнуваат мејлови.На сликата во прилог делот означен со број 1 значи дека не сакате да примате пораки од ниеден мејл акаунт на тој домен. Нашиот пример значи дека повеќе нема да пристигнуваат пораки од доменот proba.mk.Делот означен со број 2 значи дека не сакате да примате пораки од конкретна мејл адреса. Во нашиот пример пораките од мејл адресатаtest@proba.mkповеќе нема да пристигнуваат.https://www.mkhost.com.mk/kb/global-filter6.png

Потоа кликнете на Save и со тоа имате додадено мејл адреси или домени на blacklist. Постапката е иста доколку сакате да додадете мејл адреса или домен на whitelist (whitelist_from).