INFO : Времено недостапна услуга за регистрација на домени - Системот за регистрација на .mk домени моментално не е достапен. Нашиот тим работи на надминување на проблемот и услугата наскоро ќе биде повторно активна. Ви благодариме на трпението.INFO : Времено недостапна услуга за регистрација на домени - Системот за регистрација на .mk домени моментално не е достапен. Нашиот тим работи на надминување на проблемот и услугата наскоро ќе биде повторно активна. Ви благодариме на трпението.

МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

cPanel helpdesk knowledge baseОпшти информацииХостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаКреирање, подесување на емаил адресиРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервери
114Општо

Што e веб хостинг, а што домен?

ВЕБ ХОСТИНГ

Веб хостинг (eng. Web Hosting) претставува простор алоциран на сервер, кој е прикачен на брза интернет конекција. Просторот е одредуван од страна на хостинг компаниите. МКхост нуди повеќехостингпакетисо помал и поголем простор. Веб хостинг всушност не претставува само хостинг простор, туку еден вид на сервис кој што вклучува уште неколку функции/можности како:

  • сообраќај(eng. Bandwidth), претставува месечен трансфер на податоци (слики, текстови, најразлични фајлови прикачени на хостинг серверот) кои се пренесуваат помеѓу посетителите, корисниците и хостинг серверот
  • емаиладреси со помош на кои ќе испраќаш и примаш емаил пораки до твоите пријатели, соработници и сл.
  • backupподдршка- се однесува на backup кој што е повеќе од потребен поради ненадејно губење на податоците, независно дали поради клиентска ненамерна грешка, хакерски/кракерски напад, или пак хардверски проблеми на серверот
  • control panel- панел кој ќе ти овозможи полесно менаџирање со хостинг услугата, така што со само неколку клика ќе можеш да креираш емаил адреса или пак да инсталираш некоја скрипта (пр. Joomla)

ДОМЕНДомен претставува име кое е карактеристично за секој веб сајт. Препознатливото домен име на МКхост е mkhost.com, преку кое нè посетуваш и всушност сега го читаш овој пост.

Сите веб сајтови на интернет првично функционираат со IP адреси доделени од страна на хостинг серверите каде што се хостираат истите, меѓутоа многу е тешко да запомниме IP адреси (пр. 174.133.183.58), па затоа ги користиме домените кои лесно се памтат.

Домените се уникатни и не може да има два исти домени. Возможно е да има две исти имиња со различна наставка (пр. mkhost.org , mkhost.com и слично). Крајните наставки не се многу важни при користењето и немаат строги правила во користењето, но препорачливо е доколку твојата веб страна таргетира посетители од Македонија, наставката да биде .mk со што би се знаело дека доменот има врска со Македонија.

Доколку сакаш да регистрираш домен, тоа може да го направиш преку МКхост, едноставно кликни на овојлинки избери го името што сакаш да го регистрираш и искористиш за креирање на твојот веб сајт.