INFO : Времено недостапна услуга за регистрација на домени - Системот за регистрација на .mk домени моментално не е достапен. Нашиот тим работи на надминување на проблемот и услугата наскоро ќе биде повторно активна. Ви благодариме на трпението.INFO : Времено недостапна услуга за регистрација на домени - Системот за регистрација на .mk домени моментално не е достапен. Нашиот тим работи на надминување на проблемот и услугата наскоро ќе биде повторно активна. Ви благодариме на трпението.

МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

cPanel helpdesk knowledge baseОпшти информацииХостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаКреирање, подесување на емаил адресиРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервери
11Општо

Како да нарачаш хостинг пакет или домен?

Нарачка може да направиш директно прекусајтот на МКхостили едноставно да ни се јавиш или да ни испратиш емаил. Ние ќе ја направиме нарачката и ќе ти ги објасниме деталите за уплата и активација.

Инструкции за нарачка на домен или хостинг пакет

Најпрво треба да провериш дали доменот кој сакаш да го закупиш е слободен за регистрација. Тоа може да го направиш на следниовлинкДоколку доменот е слободен може веднаш да го нарачаш со кликање наДодади во кошничка, во спротивно може да одбереш друг домен кој е слободен за регистрација.Отвори ја кошничката, избери на колку години сакаш да го регистрираш доменот и кликни наПродолжи кон наплата.Во ново отворениот прозорец треба најави на својот кориснички профил (доколку веќе имаш закупено услуга во МКхост) или креирај свој нов профил.

Избери дали акаунтот ќе биде на физичко лице или креирај акаунт на име на компанија, пополни ги бараните податоци и кликни на копчетоЗачувај ги податоците и продолжи

Во наредниот чекор правиш преглед на нарачката. Доколку се е во ред клини наПродолжи кон наплата.Новоотворениот прозорец е еден од побитните чекори во процесот на нарачка. Тука ги внесуваш податоците на кои ке се регистрира доменот, административен и технички контактподатоци на кои ке се регистрира доменот
Доколку сакаш да направиш промена, доменот да се регистрира на други податоци а не на тие што се на твојот профил, кликаш наПромени регистрант.Ако сакаш да направиш промена на административен или технички контакт кликни наВнеси друг контакт.Кога ке кликнеш наПромени регистрантилиВнеси друг контактќе се отвори нов pop-up прозорецкаде треба да избереш дали сакаш податоците за кои правиш промена да бидат од некој постоечки контакт или ќе креираш нов.
Откако ќе ги внесеш регистрант, административен и технички контакт податоци, избери начин на плаќање и кликниПотврди нарачка и плати.Автоматски се генерира профактура за направена нарачка. На профактурата може да направиш промена на плаќач или промена на податоци за плаќач. постапката за промена може да ја видиш на овојлинк.
Доколку избереш начин на плаќање - кредитна картичка, со кликање наПлати веднаш, автоматски ќе бидеш редиректиран до банкарскиот систем за онлајн плаќање, каде ги внесуваш податоците од твојата кредитна картичка. По уплата доменот ќе биде регистриран веднаш.Нарачка на хостинг без домен
Понудата на хостинг пакети може да ја разгледаш на овојлинк.Во зависност од твоите потреби, избери го пакетот кој најмногу ќе ти одговара.
Откако ќе се одлучиш кој пакет сакаш да го закупиш кликни на копчето Нарачај веднаш. Кога ќе се отвори нов pop-up прозорец, избери дали сакаш регистрираш нов домен, доколку да, напиши го доменот што сакаш да го регистрираш, или ако веќе имаш свој домен, кликни наВеќе имам свој домени внеси го доменот. Во новоотворениот прозорец избери на колку години сакаш да го регистрираш доменот и на колку години сакаш да го закупиш хостинг пакетот и кликни наПродолжи кон наплата. Пополни ги податоците на кои ке биде регистриран доменот, избери начин на плаќање и кликни наПотврди нарачка и плати. Автоматски се генерира профактура за направена нарачка. На профактурата може да направиш промена на плаќач или промена на податоци за плаќач. постапката за промена може да ја видиш на овојлинк.,Доколку избереш начин на плаќање - кредитна картичка, со кликање наПлати веднаш, автоматски ќе бидеш редиректиран до банкарскиот систем за онлајн плаќање, каде ги внесуваш податоците од твојата кредитна картичка. По уплата услгуите автоматски ќе бидат активирани.