внесете го името на доменот кој сакате да го додадете. Потоа директно кликнете на
, генерирајте било каква лозинка, истата понатаму нема да ви бдие потребна. На крај кликнете на
.
Со тоа целата постапка за генирање на Addon домен е завршена. Новододадениот Addon домен може да отвора посебна и засебна веб страница или пак да прави редирект кон друга. Доколку сакате да направите редирект кон друга страница, тоа може да го направите на следниов начин:
Addon Domains --> Modify Addon Domain--> Actions --> Manage Redirection
Во новоотворениот прозорец
напишете кон кој домен сакате да редиректирановиот домен и кликете на
Save
Parked доменParked доменотнајчесто се користи за редирекција или пак за креирање на официјални mail адреси без соодветен хостинг. Parked доменот е дополнителен домен хостиран на акаунтот на корисникот, и притоа тој ја појавува содржината на веб страницата на примарниот домен (прави редирекција), притоа за секој parked домен може да се креираат соодветни mail акаунти.Додавање на parked домен инструкцииИ за parked домен важат истите правила како и за addon доменот. Најпрво е потребно доменот да се поврзе со хоситгот со промена наименските опслужувачи (nameservers). Доколку мкхост се регистранти на доменот, истите можете ги промените со најава на корисничката сметка на мкхост (mkhost.com.mk), или да ги промениме ние доколку ни пишете од официјалниот мејл оставен за контакт. Ако доменот е регистриран на друго место, контактирајте ги Вашите регистранти.Чекор 1:Логирајте се на вашиот cPanel акаунт (ime_na_vasiot_domen/cpanel) со соодветно корисничко име и лозинкаЧекор 2:Во делотDomainsкликнете наParked Domain.

Чекор 3:Во новоотворениот прозорец во делот
Create a New Parked Domainнапишете го името на parked доменот и кликнете
Add Domain.

Со ова постапката за додавање на нов Parked домен е завршена. Притоа доколку се пристапи до parked доменот ќе се појави содржината на веб страницата на примарниот домен.
Дополнителни инструкции за додавање на кириличен .мкд домен како parked или addon домен
Доколку сакате да додадете кириличен домен (.мкд) како Parked или Addon домен постапката е иста само што при додавање на името, н
ајпрво ќе треба да го конвертирате кириличното име на доменот на следниов линкhttp://www.punycoder.com/(алатка за конвертирање на Unicode домени во ASCII)На локацијата на овој линк од десна страна напишете го името на кириличниот домен и кликнете на
Convert to Punycode >>. Од лева страна името на кириличниот домен ќе ви се конвертира во ASCII карактери. Земето го конвертираното име и поставете го во делот каде се поставува името на доменот при додавање на parked или addon домен.
