Доколку имаш активен домен регистриран во МКхост и истиот повеќе не ти е потребен, може да поднесеш барање за бришење на доменот.
Потребно е да го пополниш барањето кое може да го најдеш на крај од овој пост. Барањето мора да биде пополнето со податоци на регистрантот на доменот.
Ако регистрантот еправно лице, на барањето мора да има печат од соодветната компанија и истото да ни го доставиш лично во просториите на МКхост или да ни го испратиш по пошта наБул. Јане Сандански 71А - А.4.7, 1000 Скопје (Capitol Mall & Residence, влезот на StoneBridge Hotel - 4ти кат)
Ако регистрантот е физичко лице, пополнетото барање мора да ни го достави лично (со лична карта) во нашата канцеларија
Барање за бришење на домен: