INFO : Времено недостапна услуга за регистрација на домени - Системот за регистрација на .mk домени моментално не е достапен. Нашиот тим работи на надминување на проблемот и услугата наскоро ќе биде повторно активна. Ви благодариме на трпението.INFO : Времено недостапна услуга за регистрација на домени - Системот за регистрација на .mk домени моментално не е достапен. Нашиот тим работи на надминување на проблемот и услугата наскоро ќе биде повторно активна. Ви благодариме на трпението.

МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

cPanel helpdesk knowledge baseОпшти информацииХостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаКреирање, подесување на емаил адресиРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервери
129Домени

Како до *.mk домен?

Регистрација на mk , com.mk , net.mk , org.mk ,inf.mk ,edu.mk и .мкд  домени

Во МКхост може да регистрираш македонски домени со следниве наставки: .mk , .com.mk , .net.mk , .org.mk , .inf.mk , .edu.mk и .мкд

Регистрација на .mk и .мкд домен може да направи секој без разлика дали е физичко лице или регистрирана компанија/фирма/организација. Домените со наставка .com.mk, .inf.mk и .net.mk мора да се регистрираат на правно лице, .org.mk мора да се регистрира на име на организација и домен со наставка .edu.mk  на име на образовна институција.

МКхост е официјален регистрар за Македонските домени.

Лицето/фирмата што ќе ја изврши регистрацијата преку МКхост ја има целата сопственост врз доменот. Тоа значи: промена на ДНС сервери ( именски опслужувачи ) во секое време од страна на сопственикот, промена на доменот на име на друга фирма/компанија ( промена на сопственост), прекин на доменот, додавање на пристап за менаџирање со доменот на повеќе лица ( контакти ).

МКхост нуди уникатен и единствен точен пребарувач за македонските домени. Пребарувачот укажува на тоа дали може саканиот домен да биде регистриран или не. Доколку доменот е слободен за регистрација тогаш можеш да извршиш нарачка и да го регистрираш доменот. Ако пребарувачот за домени дава резултат дека доменот не може да се регистрира, тоа значи дека истиот е веќе регистриран или не може да се изврши регистрација на доменот.За проверка на домени и регистрација / нарачка на домен, кликни на следниотлинк:

- Доколку доменот биде регистиран на нашите хостинг сервери, односно доколку со доменот закупите и хостинг пакет, тогаш ние го подесуваме истиот и ги доставуваме именските опслужувачи (ДНС сервери).- Доколку сакаш доменот да биде и хостиран на друг хостинг сервер, тогаш треба да ги внесеш именските опслужувачи (ДНС серверите) од провајдерот каде што ќе се хостира доменот. Во случај да не ги знаеш, може да ги избереш ДНС серверите на МКхост, а во иднина лесно, онлјан да ги промениш во секое време.Пример за ДНС сервери со вклучени ip адреси се:dns1.mk-host.mk

dns2.mk-host.mkДоколку не сакаш да биде хостиран доменот ( активен на некој хостинг провајдер/хостинг простор ), може ние да го поставиме истиот на свои ДНС сервери, со што тој би бил само активно регистриран. Ова е одлична опција доколку сакаш доменот да го регистрираш на време, пред некој друг да го закупи, а доколку сеуште не планираш да го користиш за презентација на твојата веб страна.

Временскиот период за регистрација е независен и се движи од неколку минути по уплата до неколку часа.