Што е SSH?Secure SHell (SSH)претставува UNIX-базиран интерфејс и протокол за безбеден пристап до оддалечен компјутер/сервер. Операциите врз серверот се извршуваат преку командна линија, а командите се Linux базирани. Комуникацијата со серверот се одвива преку јавни и приватни клучеви со кои се постигнува енкрипитирана комуникација и во овој туторијал ќе биде објаснето нивниото креирање и пристапот до серверот.
Како до SSH пристап?
За да имате овозможен SSH пристап потребно е да се задоволени следните предуслови:- Потребно е да имате статичка (постојана) IP адреса дадена од Вашиот интернет провајдер. Динамичката IP адреса е променлива на одреден временски интервал, и затоа за истата не може да се овозможи постојан SSH пристап (поради тоа што се додава во нашиот firewall). Откако ќе биде овозможен, уредите кои ја имаат статичката IP адреса веднаш ќе може да пристапат до серверот.- Потребно е да имате инсталирано SSH клиент - софтвер преку кој ќе се конектирате на серверот. Во овој туторијал ќе се работи преку софтверот PuTTY (putty.org) - Испратете e-mail барање до
support@mkhost.com.mkво кое ќе биде наведено за кој account е потребен SSH пристап и Вашата статичка IP адреса. Откако ќе биде овозможен пристапот, во повратен mail ќе бидат прецизирани дополнителните технички информации (IP адреса на серверот и порта) кои ќе бидат потребни во понатамошните чекори за конектирање со серверот.
Креирање клучеви за SSH пристапSSH пристапот се одвива со користење на безбедносни клучеви за најава.За да ги креирате клучевите преку кои ќе се одвива комуникацијата, потребно е да се најавите на Вашиот кориснички панел (cPanel). Потоа следете ги следниве чекори:- Во делотSecurityкликнете наSSH Access.

- Во новоотворениот прозорец кликнете наManage SSH Keys, а потоа наGenerate a New Key.

Во овој чекор се креира клучот кој ќе го користите за логирање. Тука автоматски се пополнува полето за име на клучот, тип и големина, а Вие е потребно да напишете лозинка за клучот, и да кликнете на
Generate Key. Со ова јавниот клуч е креиран.

- Следно, потребно е да го авторизирате клучот. Во делотPublic Keys, кликнете наManage, и во новоотворениот прозорец, кликнете наAuthorize.

- За секој јавен клуч се креира соодветен приватен клуч, кој треба да се превземе во .ppk формат. Најпрво во делотPrivate keysнајдете го името на клучот кој претходно го креиравте, и кликнете наView/Download. Во делотConvert the key to PPK format, внесете ја лозинката која ја внесовте при креирање на јавниот клуч, и кликнете наConvert, а потоа превземете го клучот преку кликање наDownload Key. Вака креираниот клуч ќе се користи при подесувањата за конекција преку PuTTY.

Конектирање преку PuTTY
- Отворете го PuTTY. Во прозорецот кој што ќе се отвори, во делотHost name (or IP address), иPort, потребно е да ги внесете IP адресата на серверот на кој ќе се конектирате и соодветна порта, а тие информации ќе Ви бидат испратени на mail. Потоа во делотSaved Sessionsзапишете име на конекција, и кликнете наSave.

- Следен чекор е да го внесете приватниот клуч кој претходно беше превземен. Во менитоConnectionна PuTTY, отворете го подменитоSSH, и селектирајте гоAuth. Откако ќе кликнетеBrowse, пронајдете го превземениот клуч и одберете го.

Со тоа процедурата за поставување на клучот е завршена. За да се конектирате на серверот само кликнете на копчето
Open, внесете го Вашиот username и лозинката која ја креиравте при генерирање на клучот, и веќе сте конектирани на истиот.